ИМА НАДЕЖ ЗА ХРВАТСКИОТ КАПЕТАН: Забележани ракетни сигнали и сплав, спасувачите во трка со времето

Фото: Profimedia/AFP PHOTO / MARINE NATIONALE TWITTER ACCOUNT

Главниот секретар на Синдикатот на морнарите на Хрватска, Невен Мелван, денес потврди дека нивната организација добила информација оти во Атлантскиот Океан е забележан сплав и дека сите бродови, кои трагаат по преживеаните од потонатиот брод Бурбон Роуд, тргнале кон таа локација, објави „Курир.рс“.

Мелван рекол дека на бродовите им треба одредено време за да дојдат до локацијата на која сплавот е забележан, пренесува агенцијата „Хина“. Спасувачката акција за морнарите од потонатото пловило со кое раководеше Хрватот Дино Микшиќ ја предводи бродот Алп Страјкер, а двајца морнари на тој брод рекле дека можно е да виделе сигнални знакови во текот на ноќта, па затоа и спасувачкиот брод се упатил кон таа локација.

Бродот Бурбон Роуд потона на 26 септември во Атлантскиот Океан, на 2000 километри од францускиот остров Мартиник. Пребарувањето на океанските води продолжува, а предупредени се и сите комерцијални бродови во тој регион за можни преживеани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот