Илон Маск го раскина договорот со Твитер вреден 44 милијарди долари

Илон Маск Твитер
Илон Маск на Твитер / Thiago Prudencio / Shutterstock Editorial / Profimedia

Милијардерот Илон Маск објави дека се откажува од купувањето на Твитер, откако претходно се договори за зделка тешка 44 милијарди долари. Како причина за потегот, Маск наведува „материјално прекршување на неколку одредби од договорот“.

Ова стави крај на „сагата за тоа дали Маск ќе го преземе или не Твитер, и откако потпиша договор со Твитер во април оваа година и потоа го стави купувањето на таа компанија во мирување додека Твитер не докаже дека таканаречените спам-ботови прават до помалку од пет проценти од вкупните корисници, пренесува Хина

Илон Маск, Твитер Фото: EPA, Pixabay

Акциите на Tвитер паднаа за шест отсто во продолженото тргување, пренесува Ројтерс.

АП пишува дека не е познато дали управниот одбор на Твитер ќе ја прифати отштетата од една милијарда долари или ќе бара спогодба на суд.

Маск, најбогатиот човек на светот, претходно изјави дека еден од неговите приоритети по преземањето на Твитер ќе биде да ги отстрани „спам ботовите “ од платформата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот