Илјадници милијарди долари се изгубени поради климатските промени

климатски промени
Протест против климатските промени / Фото: Pexels / Markus Spiske

Климатските промени секоја година се одговорни за загубата од неколку илјади милијарди долари во светската економија, особено во најнеразвиените земји, покажува студијата објавена денеска, пред почетокот на COP28 климатската конференција во Дубаи.

Според студијата спроведена од Универзитетот во Делавер, само во 2022 година на глобално ниво, климатските промени предизвикале вкупна загуба од 6,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Загубата на пари подразбира директни последици од климатските промени врз земјоделството, енергијата, продуктивноста на земјите, како и меѓународни последици и загуби кои подразбираат потенцијални инвестиции.

Студијата е објавена два дена пред Конференцијата за климата, која ќе се одржи од 30 ноември до 12 декември.

Меѓу главните теми ќе биде усвојувањето на рамката за нов фонд на ОН што треба да им помогне на најсиромашните земји да се соочат со последиците од климатските промени, како што беше одлучено на минатогодишната конференција COP27.

-Светот изгуби илјадници милијарди долари поради климатските промени, а најголемиот дел од овој товар паѓа на сиромашните земји. Се надеваме дека резултатите од студијата ќе помогнат да се разјаснат предизвиците со кои многу земји веќе се соочуваат денес, се наведува во истражувањето.

ОН претходно процени дека на земјите во развој ќе им требаат повеќе од 300 милијарди долари годишно до 2030 година за да се борат со ефектите од климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот