Илхан Ќучук е новиот известувач за Македонија во Европарламентот

Фото: МИА

Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Обнова, Илхан Ќучук, е новиот известувач за Македонија во Европскиот Парламент.

Одлуката е донесена вчера на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл.

Улогата на известувачот во Европскиот Парламент е да ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на Северна Македонија, кои служат како основа за ставот на Европарламентот.

Илхан Ќучук е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи” (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство, Обнова, каде е член и партијата на францускиот претседател.

Ова е втор европратенички мандат на Ќучук, член е на Комисијата за надворешни работи и потпретседател на европската делегација во рамките на заедничкиот парламентарен комитет со Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот