ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија

Архива на СП

Шведската компанија ИКЕА и германскиот производител на автомобили Фолксваген денеска соопштија дека ќе ја прекинат работата во Русија, поради нападот на таа земја врз Украина.

ИКЕА соопшти дека привремено ги напушта пазарите на Русија и Белорусија и дека ќе одвои околу 41 милион долари за помош на бегалците од Украина.

„ИКЕА ја прекинува работата во Русија и Белорусија. Покрај тоа, ИКЕА и Фондот на ИКЕА ќе донираат повеќе од 400 милиони шведски круни во добротворни цели за да им помогнат на оние кои беа принудени да ја напуштат Украина поради војната”, се вели во соопштението.

Од ИКЕА изјавија дека работните места и платите на вработените ќе бидат зачувани, а на нивните семејства ќе им пружат секаква поддршка.

Германскиот производител на автомобили соопшти дека ќе го прекине производството на возила во Русија.

Компанијата на Твитер објави дека извозот на нејзините возила во Русија веднаш ќе биде прекинат.

Фолксваген наведе дека „многу сериозно ја сфаќа одговорноста за работниците во Русија погодени од овие мерки” и додаде дека на сите ќе им исплати надомест за скратено работно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот