Ибрахимовиќ се враќа во Милан како помошник на Пиоли?

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата ова лето, а сега доби понуда да се врати на фудбалот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека управата на Милан разговарала со Ибрахимовиќ да се врати во клубот, но не на теренот туку покрај аут линијата.

Швеѓанецот пред неколку дена беше во посета на тренингот на Милан и им пружи поддршка пред натпреварот против Њукасл во Лигата на шампионите. Според информациите, Ибрахимовиќ би можел да биде десна рака на тренерот, Стефано Пиоли.

Сепак, треба да се потсети дека Ибрахимовиоќ своевремено изјави дека тренерската работа не го привлекува премногу.

„Невозможно е јас да бидам тренер. Во текот на натпреварот би удрил барем двајца фудбалери, а по натпреварот уште осум“, гласеше изјавата на Ибрахимовиќ дадена пред две години.

Ибрахимовиќ во овој момент и други работни обврски, а работата како тренер во Милан веројатно би му одземала прилично многу време.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот