Фото: Профимедиа

И за плата од 12.000 евра сепак се дефицитарни- зошто нема пилоти во ЕУ?

Поради хроничен недостиг на пилоти, швајцарската национална авиокомпанија SWISS ќе биде принудена да откаже дури 1.400 летови до октомври. Оваа вест повторно го постави прашањето – колку всушност заработуваат пилотите и зошто се дефицитарни и покрај високите плати?Платите на пилотите значително варираат, а искуството е најголемиот фактор. Според податоците од Институтот за економски истражувања (ERI), пилотите со повеќе од осум години искуство во Европа заработуваат до 80 проценти повеќе од нивните колеги со само неколку години искуство во летање. На пример, во Обединетото Кралство, пилотите на почетно ниво заработуваат околу 54.283 евра годишно, додека искусните команданти на пилотската кабина можат да достигнат и до 173.243 евра.
Иако швајцарските пилоти се меѓу најдобро платените во Европа, оваа земја страда од сериозен недостиг на професионален персонал. Просечните годишни бруто плати на пилотите во јуни 2025 година, според податоците на ERI, се движеле од 32.299 евра во Романија до дури 113.672 евра во Швајцарија.

Германскиот федерален завод за статистика објави дека просечната бруто месечна плата на пилот е 12.566 евра, или 150.792 евра годишно. Во Велика Британија, средната годишна бруто плата за пилоти и контролори на летање е околу 95.240 евра. Францускиот завод за статистика наведува дека просечната месечна плата за пилотите е околу 9.300 евра, што изнесува 111.600 евра годишно.

Пилотите се меѓу најплатените професии во Европа – заработуваат од 32.000 до 114.000 евра

Најдобрите плати на пилотите во Европа се концентрирани во западните и северните земји. Покрај Швајцарија и Германија, Белгија е на врвот со 110.424 евра и Ирска со 108.007 евра. На пример, ирската авиокомпанија „Рајанер“ на својата веб-страница наведува дека искусните капетани можат да заработат до 180.000 евра годишно. Австрија и Холандија исто така ја преминуваат границата од 100.000 евра, додека Финска следи со околу 96.000 евра.

Од друга страна, земји како Португалија со 60.054 евра, Грција со 56.523 евра и Полска со 50.000 евра нудат значително пониски плати. Романија е на самото дно со 32.299 евра годишно.

– Дури и најискусните пилоти во Романија не ја надминуваат границата од 40.000 евра годишно, што е речиси десет пати помалку од оние во Германија – се наведува во истражувањето- пренесе Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот