И покрај несогласувањата, САД ќе продолжат да испраќаат оружје на Израел

Нетанјаху и Бајден / фото: МИА

И покрај американската загриженост за планираната израелска копнена офанзива на Рафах, Вашингтон ќе продолжи да го поддржува Израел со воена помош вредна милијарди долари, пишува Вашингтон пост.

Американскиот весник, повикувајќи се на анонимни претставници на Пентагон и Стејт департментот, пишува дека владата на претседателот Џо Бајден „тивко“ ги одобрила бомбите и борбените авиони за Израел, и покрај затегнатите односи меѓу двата сојузници поради офанзивата на појасот Газа.

Тоа покажува дека американската влада не мисли дека вооружената помош треба да биде средство за притисок врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тврди Вашингтон пост.

Односите меѓу Бајден и Нетанјаху во моментов се полни со тензии.

Неделава требаше да отпатува израелска делегација во Вашингтон, но посетата беше откажана откако САД беа воздржани во Советот за безбедност на ОН за време на гласањето за резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Тоа не го спречи Бајден да продолжи да одобрува оружје за Израел.

Си-Ен-Ен објави дека израелските и американските претставници сепак може да се сретнат во Вашингтон во понеделник за да разговараат за офанзивата во Рафах, град на самиот југ на Појасот Газа, кој моментално е дом на повеќе од еден милион бегалци од другите делови на палестинската енклава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот