И Град Скопје тврди дека не е надлежен за оштетениот потпорен ѕид на Кале

И од Град Скопје се прогласија за ненадлежни во врска со оштетениот потпоред ѕид на Кале, за кој информираше Општина Центар, откаде пак  посочија, дека со оглед на сериозноста на работите испратиле допис до Градот, кој согласно надлежностите треба да направи увид и да го реши проблемот.

Од Град Скопје тврдат дека во врска со надлежностите за одржување на Скопското Кале, до овој момент немаат добиено никаков допис од ни една институција , па ни од Општина Центар.

Што се однесува до надлежностите, за скопското Кале единствено одговорност има Националната установа – Конзерваторски центар.  Надлежностите на Градот завршуваат со коловозот и тротоарите на улица Лазар Личеноски. Бидејќи до овој момент до Градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на скопското Кале на страната на улица Лазар Личеноски, ги упатуваме од Општина Центар да се приклучат на дописот на Градот Скопје до Министерството за Култура и НУ „Конзерваторски Центар” – реагираа од Градот.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски информира дека екипи на Општина Центар извршиле увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата Лазар Личеноски на Кале за што стигнале предупредувања од граѓани дека може да се сруши. Но, поради тоа што тоа не било во надлеѓност на Општината тие со допис го информирале Град Скопје, како надлежен,  за состојбата на потпорниот ѕид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот