И две деца од ОУ „Братство“ во домашен карантин – родителите им биле во Рагуза на симпозиумот

Покрај трите деца од основното училиште Владо Тасевски во Козле, кои се во домашна изолација зашто родителите биле присутни на симпозиумот кој се одржа во Рагуза во саботата, а каде била присутна и заразената од коронавирус директорка на Клиниката за кожни и венерични болести, Слободен печат дознава, дека и две деца од основното училиште Братство, исто така се ставени во домашен карантин од истата причина.

И нивните родители биле во Рагуза на симпозиумот. Од родители во Карпош дознаваме дека некои родители самоиницијативно си ги повлекуваат децата од настава, им се јавуваат да си дојдат дома и да не седат на часови.

Децата се превентивно ставени во карантин. Општина Карпош има формирано комисија што е во комуникација со Министерството за здравство и со Центарот за јавно здравје. -Ова е родителска паника и природен човечки инстинкт. Се јавуват, прашуваат – ни рече градоналникот на Карпош, Стефан Богоев.

Во текот на денешниот ден ќе има насока дали ќе се донесе одлука за престанок на наставата во основните и средните училишта или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот