Хуавеј и ЗТЕ прогласени за закана по националната безбедност на САД

фото: EPA-EFE/WU HONG

Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) официјално ги прогласи кинеските компании Хуавеј и ЗТЕ за „закана по националната безбедност”.

Тоа значи дека компаниите нема да можат да ја користат владината програма за субвенционирање од 8,3 милијарди долари, познат како Универзален сервисен фонд, за купување, одржување или поддршка на која било опрема или услуга од двете кинески фирми.

ФЦЦ уште во ноември минатата година ги прогласи Хуавеј и ЗТЕ за ризик по националната безбедност на САД.

Хуавеј минатата година беше ставена на американската црна листа.

Американските компании веќе подолг период се натпреваруваат со Хуавеј во развојот на 5Г технологијата. Вашингтон тврди дека Хаувеј може да ја користи технологијата за шпионирање во корист на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот