Претседателот на синдикатот на контрола на летање Александар Тасевски повикан во полиција, го пријавиле двајца директори на М-НАВ

Навигациска контролна кула/Фото: МИА

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, доцна попладнето бил повикан во полиција да даде изјава, откако двајца директори на македонската навигација (М-НАВ) се пожалиле дека им се заканувал на Фејсбук. Двајца од директорите го пријавиле Тасевски во полиција затоа што се чувствувале небезбедно.

Тасевски вели дека не им се заканувал туку дека ги откривал злоупотребите на раководителите за новите вработувања.

„Почнаа да се будат ‘човечињата’. Редно е да се разбуди и ОЈО па да почне да чепка и за ова и за тендери и за реновирања на гаража, ќе има работа за до пензија“, напиша Тасевски на својот фејсбук профил пред три дена споделувајќи новинарски напис за оставките на сите инженери од раководните инструкторски места како и еден од тројцата директори на М-НАВ Љубе Стаменковски.

Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.

МНАВ: Тенденциозни се нападите кон нас, вработувањата се според истите критериуми како и претходно

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот