ФОТО+ВИДЕО: Почнaa предновогодишните настани на Плоштад „Македонија“

фото: Слободен печат, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје

И покрај големиот број негативни коментари и скандали поврзани со новогодишното украсување на главниот град, вечерва на плоштадот Македонија во Скопје, започна новогодишната музичка програма која ја посетија и поголем број граѓани.

На првата вечер од музичката програма која ја организира Град Скопје во соработка со „Комората на музичка индустрија“ настапија членовите на „Дајте музика“.

фото: Методи Здравев, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје

„Раководството на ‘Комора на музичка индустрија’ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, беше посочено во соопштението испратено деновиве до медиумите.

фото: Методи Здравев, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје

За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

фото: Методи Здравев, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје

 

фото: Методи Здравев, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје
фото: Методи Здравев, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје
фото: Методи Здравев, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје
фото: Методи Здравев, Почнуваат предноводишните настани во центарот на Скопје

Арсовска објави како игра шах со Дедо Мраз откако финансиските инспектори го проверуваат повикот за новогодишното украсување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот