Хрватско-српските пресметки направија ПОТОП на берзата за акциите на „Краш“!

Фото: Flickr

Иако првите неофицијални информации велеа дека „Краш-Есоп“ ќе понуди почетна цена и услови за продажба на своите акции на „Краш“ на сите заинтересирани инвеститори, собранието на компанијата во саботата попладне одлучи да ја овласту управата за да склучи договор со Месната индустрија „Браќа Пивац“, пренесува „Слободна Далмација“.

Така, веднаш по собранието, „Краш-Есоп“ и Месната индустрија „Браќа Пивац“ склучија договор за продажба и пренос на 276.441 редовни акции, кои претставуваат 18,4 отсто од акционерскиот капитал на „Краш“.

„Краш-Есоп“ ги продаде акциите по цена од 861,20 хрватски куни (115,94 евра), односно по вкупна цена од 238.070.989 куни за сите акции, што одговара на пондерираниот просек на сите цени остварени на берзата во последните три месеци.

Освен договорот за продажба и пренос на акциите, склучен е и договор за социјално партнерство меѓу „Браќа Пивац“, „Краш-Есоп“ и Синдикатот на вработени во земјоделството, прехранбената и тутунската индустрија и водостопанство на Хрватска (Синдикат ППДИВ).

На тој начин се дефинирани и дополнителни обврски за „Браќа Пивац“, со кои се потврдува нивниот план за понатамошни вложувања во развојот на „Краш“, продолжување на почитувањето и заштитата на разните права на вработените, како и задржување на производните погони на постоечките локации.

Со купувањето на 18,4 отсто од акциите на „Краш“ од „Краш-Есоп“, „Браќа Пивац“ сега поседуваат 49,3 отсто од акциите на „Краш“, но поради тоа што пет отсто од трезорските акциии кои се во сопствеништво на „Краш“ немаат право на глас, „Браќа Пивац“ имаат 52 отсто од акциите со право на глас и така стануваат мнозински сопственици на компанијата.

Нивниот главен конкурент за преземање на „Краш“, Небојша Шарановиќ, сопственик на кипарската фирма „Kappa Star Limited“, кој според податоците од средата има 25,8 отсто од акциите на „Краш“, а сега најверојатно стигнал и до 28 отсто, изјави дека „од почетокот го предупредувале за можно синхронизирано делување на „Браќа Пивац“ и „Краш-Есоп“, па така овој развој на настаните во потполност ги потврдува таквите шпекулации.

Тој за 25,8 отсто од акциите на „Краш“ плати 45 милиони евра (332 милиони куни), а за време на тргувањето во последните три дена тој потроши уште 31 милион куни, плаќајки за една акција 1050 куни (141 евро). Сепак, тој не успеа во намерата работниците кои се акционери во „Краш-Есоп“ да ги одврати од продажбата на акции на фирмата „Браќа Пивац“ за 18 отсто пониска цена од онаа која во тој момент се нудеше на берзата.

Економските експерти во Србија денеска обвинија дека хрватските бизнисмени со тешка измама го оневозможиле српскиот бизнисмен да го купи Краш. Тие велат дека наспроти националните мотиви да се спречи оваа купопродажба бидејќи се работи за Србин, хрватските државјани досега без проблем можат да купуваат се што ќе посакаат во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот