Хрватскиот селектор Мулаомеровиќ најави оставка

Дамир Мулаомеровиќ веројатно ќе ја напушти селекторската клупа на Хрватска/фото:

Кошаркарската репрезентација на Хрватска го заврши настапот на Европското првенство во осминафиналето со пораз од Финска со 94:86, по што селекторот Дамир Мулаомеровиќ најави оставка.

– Веројатно повеќе нема да бидам селектор. Момците работеа одлично цело лето, мислевме дека… Не бевме психолошки подготвени, тимска игра на Финците се покажа решавачка за победникот. Тие се многу добра екипа, ние разочарани сме, но тоа е што е – рече Мулаомеровиќ.

Хрватите го освоија 11 место на континенталниот собир, што е нивни најслаб пласман откако се игра Европско првенство со 24 репрезентации.

Финска за пласман во полуфиналето во вторник (13 септември) ќе игра против селекцијата на Шпанија.

Во другите четвртфинални натпревари се среќаваат Германија – Грција, Словенија – Полска и Франција – Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот