Хрватски третолигаш продаде млад фудбалски талент за 5,2 милиони евра

фото: instagram.com/mynn_woo

Најдоверливиот и најпознат стручњак за трансфери Фабрицио Романо објави една интересна вест од фудбалскиот пазар.

Хрватскиот третолигаш Кустошија го продаде својот 17-годишен играч од средниот ред Дино Клапија на Лајпциг. Германскиот клуб за фудбалерот ќе плати 5,2 милиони евра како надомест, а Кустошија ќе има право и на 10 отсто од можниот следен трансфер.

Новинарот Фабрицио Романо тврди дека Клапија веќе ги помина лекарските прегледи.

Играше за репрезентацијата на САД до 16 години, но и за хрватската репрезентација до 17 години.

Минатата година дојде од Њујорк во Динамо, но по само неколку месеци го напушти загрепскиот клуб. Енди Бара, неговиот агент, го испратил во Кустошија.

Клапија оваа сезона одигра девет натпревари во Втората хрватска лига, но остана без конкретен ефект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот