ФОТО | Хрватската пејачка откри: Претрпев сексуално насилство, го тепав со нозе и со раце

Фото: Инстаграм

Хрватската пејачка Жанамари Перчиќ по повод одбележувањето на месецот на поддршка на жртвите на сексуално насилство на својот Инстаграм објави дека и самата некогаш била жртва на таков чин.

Жанамари опишала што ѝ се случило и открила дека поради тој инцидент дури морала да го напушти градот во кој живеела во тоа време.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Жртвата не е виновна. Денеска облекуваме панталони и тоа фармерки во знак на поддршка на сите жртви на сексуално насилство, на кои често не им се верува и ги обвинуваат дека провоцираат и дека „сами си го бараат“. Не значи НЕ и не постои оправдување за насилството“, напишала Жанамари во воведот.

„Во мојот живот и јас самиот доживеав агресивен пристап од страна на маж кој буквално заврши така што во одбрана го тепав со нозете и рацете и побегнав… Дури и од тој град. Некои луѓе во таков момент не успеваат да го надјачат насилникот, психички се блокираат, а потоа цел живот ги носат последиците и стигмата. Додека луѓето што им го направиле тоа гордо се шетаат без трошка совест или вина. Да не бидеме општество во кое тоа е во ред“, заклучи Жанамари.

Фото: Инстаграм

Во коментарите, бројни следбеници ѝ одговорија, ѝ пружија поддржаа и ја пофалија што толку храбро се огласи.

„Така, добро кажа сѐ“, „Се согласувам со тебе. Не на насилството врз жените и децата. Ти посакувам сѐ најдобро во животот“, „Благодарам што ја креваш свеста за оваа тема“, се само некои од коментарите под нејзината објава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот