Хрватска размислува за олабавување на мерките

Берош: Стратегија на земјата за справување со вирусот делува.

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, изјави дека сега е можно да се предвиди однесувањето на вирусот во земјата и најави дека во следниот период можно е земјата да размисли за укинување или намалување на дел од рестриктивните мерки.

Според него растот на заболени во Хрватска е се уште во границите што ги одредиле и дека стратегија на земјата за справување со вирусот делува.

-Можам да кажам дека нашите податоци се многу добри и задоволителни, рече Берош и додаде дека биле загрижени за балансот на мерките што го спречуваат ширењето на вирусот и овозможувањето нормални животни активности.

Тој кажа дека во наредниот период Хрватска ја чека постепено враќање на животни токови што можат да се одвиваат непречено, за да можат и економските активности да заживеат, но и натаму да се има под контрола бројот на заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот