Хрватска нема на своја територија да обучува украински војници

Хрватско знаме / Фото: МИА

Хрватска нема да обучува украински војници на своја територија, одлучија денеска пратениците во Парламентот, бидејќи не беше обезбедено двотретинско мнозинство од 101 претставник за таква одлука.

Владејачката партија по двонеделни консултации не успеа да го собере потребното двотретинско мнозинство, односно 101 глас за усвојување на Одлуката за учество на припадниците на вооружените сили на Република Хрватска во мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина – ЕУМАМ.

„За” мисијата гласаа 97 претставници, а „против” десет.

Учеството на Хрватска во мисијата ЕУМАМ предвидуваше пристигнување на околу стотина украински војници на обука во Хрватска, во текот на наредните две години.

Владиниот предлог и кандидатурата на Хрватска за оваа мисија немаа одобрение од претседателот Зоран Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот