21.8 C
Скопје

Хрватска, Германија и Холандија нови патници на ЕП

Репрезентација на Хрватска со победата од 3:1 во Риека над Словачка си обезбеди пласман на ЕП. Победата вредна пласман на ЕП, Хрватите ја обезбедија во второто полувреме кога со головите на Влашиќ, Петковиќ и Перишиќ направија пресврт и дојдоа до триумф.

Селекциите на Германија и Холандија очекувано се патниците на ЕП од групата Ц.

Германците во Менхенгладбах со 4:0 ја совладаа Белорусија со головите на Гинтерт, Горецка и двата гола на Крос, додека Холандија одигра без голови во Белфаст кај Северна Ирска но и тоа беше доволно за пласман на ЕП и тоа на едно коло до крајот на квалификациите.

Резултати:

Група Ц
Северна Ирска – Холандија 0:0
Германија – Белорусија 4:0

Група Е
Азербејџан – Велс 0:2
Хрватска – Словачка 3:1

Група Г
Словенија – Летонија 1:0
Израел – Полска 1:2
Австрија – Македонија 2:1

Група И
Кипар – Шкотска 1:2
Сан Марино – Казахстан 1:3
Русија – Белгијса 1:4

Поврзани вести

Работнички не запира со засилувањата, Тантуровски нов романтичар

Слободен печат

Италијанскиот новинар повторно го насмеа Новак: Дали во тоалет го сретна Свети Сава

Слободен печат

Американска атлетичарка падна на допинг тест поради – бурито

Слободен печат

Откако по пауза од 20 години му ја донесе титулата, Ѓорѓевиќ си замина од Виртус

Слободен печат

Селекторот на Данска удри по УЕФА: Поради корона има одложување, а кога на некого ќе му застане срцето – нема

Слободен печат

Роналдо брка светски рекорд на мечот против Унгарците

Слободен печат

Остави Коментар