Хрватска фирма Фортенова е најдарежлива: 130 работници добиваат нето-плата од 6.600 евра!

Фото / илустрација / Царинска управа на Србија

Позната хрватска компанија во текот на изминатата година ги покачи платите на своите вработени за неверојатни 2.300 евра во просек! Станува збор за холдинг „Фортенова груп“, која ги вработува клучните менаџери на групацијата, објави Даница. хр.

Групацијата на Фортенова, инаку, лани вработила вкупно околу 130 работници. Нивната просечна нето-плата беше – обрнете внимание – дури 6.600 евра! Тоа е за неверојатни 54 проценти повеќе од претходната година. Затоа групацијата на Фортенова лани остварила загуба од 444.000 евра.

Ова е и највисоката плата во фирма регистрирана во Хрватска и со седиште во земјата, а која има повеќе од еден вработен. До Фортенова е и Мајкрософт Хрватска, која имаше вкупно 60 вработени со просечна нето-плата од приближно 6.590 евра. Тоа е за околу 390 евра повеќе од претходната година.

Во претходните години, вработените во подружниците на светските фармацевтски гиганти Глаксо Смит Клајн и Санофи-Авенсес заработуваа најмногу во Хрватска, но овие компании оттогаш беа затворени.

фсдрфејмнефсннссјксјк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот