Христијан Пендиков влезе во судница, адвокатот на обвинетиот излезе – судењето ќе продолжи на 12 јули

Фото. МИА/Колаж: Слободен печат

Христијан Пендиков денеска првпат се појави во судницата во Охрид каде требаше да даде исказ против првообвинетиот Илија Спасевски. Но, до судот беше доставен нов доказ против Спасевски, а неговиот адвокат, Димитрија Цобоски побара да се одложи рочиштето за да може да се проучи доказот. Судијата Бојан Мартиноски не дозволи, па Цобоски ја напушти судницата и судењето без нив не можеше да продолжи.

-Обвинителот спомна дека Пендиков е дојден од Бугарија специјално за ова судење, но заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин. Тоа што престојува во Бугарија е негов проблем, а не наш, посочи тој и додаде дека одбраната има право да ги добие сите докази со оглед на тоа што дополнителното вештачење во Битола дава одговор на некои прашања, а тие не ја знаат содржината.

Судијата Мартиноски го одби предлогот, а Цобоски ја напушти судницата со образложение дека се кршат правата на обвинетиот.

Обвинетиот Спасевски кажа дека сака бранител адвокат и ќе го искористи правото да изнесе одбрана преку бранител адвокат.

„Барам одлагање“, рече Спасевски.

Судењето се одложи, а следното е закажано за 12 јули.

Пендиков вчера пристигна во Охрид за да го даде првиот исказ пред истражителите.

На претходното судење Спасески изјави дека „го разбира обвинението, но не се чувствува виновен“. Исто така, беше прикажан и видео-запис од нападот врз Пендиков.

Пред околу еден месец, Пендиков стана бугарски државјанин, а церемонијата се одржа во салата во која вообичаено претседателот на Бугарија врачува ордени и пречекува странски делегации.

Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“. Откако беше претепан, Пендиков беше префрлен со бугарски владин авион во Софија каде што беше лекуван, доби стан и полициска заштита.

Против него, се води и предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот