EPA/Tony McDonough

Хрбати е тенисерот што знаеше да излезе на крај со големата тројка

Скорот на Словакот од 5-3 од неговите осум меча против Ѓоковиќ, Надал и Федерер го прави играч со најголема стапка на победи (62,5 отсто) против легендарното трио

Големата тројка тенисери, како што се нарекуваат Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, се најдоминантната сила во овој спорт на сите времиња.

Но има еден тенисер кој има позитивен скор во однос на големата тројка. Тој всушност е единствениот во тоа. Се работи за Доминик Хрбати (45), Словакот кој одамна е пензиониран.

Комбинираниот скор на Хрбати од 5-3 од неговите осум меча против Ѓоковиќ, Надал и Федерер го прави играч со најголема стапка на победи (62,5 отсто) против легендарното трио.

Словакот има скор од 3-1 (75 отсто) против Надал и 2-1 (66,6 отсто) против Федерер.

EPA-EFE/ANDY RAIN

Што се однесува до Ѓоковиќ, Србинот е подобар во мечевите со Словакот на големата сцена, има победа во меч од Дејвис купот во 2008 година. Но, Хрбати го победил Ѓоковиќ во еден меч на турнир од рангот челинџер во 2004 година.

Хрбати е еден од само тројцата играчи, заедно со Ник Кирјос и Лејтон Хјуит, кои го победиле секој член на големата тројка, првиот пат кога играле со нив. Највисок ранг на АТП листата му беше 12 (2005).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот