Хорор во Германија: Мајка си ги фрлила децата од балкон, па се обидела да се самоубие

Германска полиција
Германска полиција /Фото: EPA

Полицијата во градот Зарбрикен, во западна Германија, покрена истрага против жена која е осомничена дека ги фрлила своите две мали деца од балкон, а потоа и самата се обидела да се самоубие. Нејзината тригодишна ќерка загинала.

„Полицијата се сомнева дека се работи за убиство и обид за убиство, а главен осомничен е 38-годишната мајка на починатото тригодишно девојче“, изјави портпаролот на полицијата во Зарбрикен на крајниот запад на Германија.

Според првичните информации, 38-годишната жена во четвртокот вечерта од горниот кат од куќата од висина од околу 5 метри ја фрлила својата тригодишна ќерка, која им подлегнала на повредите, па нејзината едногодишна ќерка, а потоа и самата скокнала.

Во инцидентот мајката била тешко повредена, додека едногодишното девојче речиси неповредено избегало. Тригодишното девојче починало во болница. Полицијата соопшти дека децата биле премногу мали за сами да се качат преку оградата на балконот.

Мајката била кај своите родители во Сарбрикен со партнерот и двете деца. Според полицијата, осомничената боледува од „тешки психички нарушувања“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот