instagram

„Холивудска љубов“: Кои славни парови си дале втора шанса?

Никој не почнува љубовна врска со помислата за раскинување, но тоа едноставно се случува. Во ретки случаи, кога веќе се чини дека секој тргнал на својот нов животен пат, врските добиваат втора шанса, а некои парови успешно ја користат истата. Дури и некои познати парови не се имуни на тенденцијата да раскинат и повторно да се поврзат во друго време.

Ричард Бартон и Елизабет Тејлор

Легендарната љубовна сага помеѓу Тејлор и Бартон, за која е тешко да се најде рамна, започнала во 1962 година на снимањето на филмот „Клеопатра“, додека Бартон сè уште бил во брак. Подоцна тие се венчале и започнале да живеат заедно, но тоа завршило со развод во 1974 година. Тие повторно се венчале во 1975 година и повторно се развеле во 1976 година, а Бартон е само еден од седумте сопрузи на Елизабет Тејлор.

Дон Џонсон и Мелани Грифит

Грифит и Џонсон се запознале на снимањето на филмот „Експериментот Харад“ во 1973 година, а првиот брак во 1976 година им траел точно шест месеци, од јануари до јули. Тие повторно се венчале во 1989 година и добиле ќерка, актерката Дакота Џонсон, и биле во брак до 1996 година. Иако по разводот и двајцата се венчале со нови партнери, се чини дека се во добри односи.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Сведоци сме на последниот пример за голема и бескрајна љубов токму овие денови. Во мај годинава, светските медиуми почнaa да пишуваат за повторното обединување на „Бенифер“. Славениот пар ја откажал венчавката неколку дена пред да се случи во 2003 година, а потоа ја раскинале свршувачката и врската во 2004 година. Неодамна, Афлек и Џенифер Лопез ја започнаа врската повторно, која постепено станува посериозна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jiniyah?✊? (@j.jlo.bronx003)

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк

Овој холивудски пар првпат бил заедно во 2007 година, а се разделиле во 2011 година. Тие биле повторно заедно девет месеци подоцна, но вториот пат верени. Оттогаш тие се заедно, се венчале во 2012 година и имаат две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by #B95Fresno (@b95fresno)

Кристен Бел и Дакс Шепард

Иако се венчале одеднаш во 2013 година, работите не течеле како мед и млеко за овој шармантен пар. Паузата била неизбежна по искрената исповед на Шепард. „Тој ме седна и ми рече дека сè уште не е подготвен. „Мислам дека си прекрасна, но јас сè уште излегувам со други“, се присетила Кристен на признанието на Шепард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kristen bell (@kristenanniebell)

Рејчел Билсон и Хајден Кристенсен

Ова е една од ретките славни парови кои прават „скарај се – смири се“ и во моментов не се заедно. Во врска биле со години, се вериле, раскинале, па биле повторно заедно, добиле бебе и конечно раскинале во 2017 година.

instagram
Фото: Instagram

Габриел Унион и Двејн Вејд

Денес Унион и Вејд се во брак и одгледуваат четири деца, иако не секогаш било сè толку идилично. Тие се разделиле во 2013 година, по четири години врска. Во посета на „The Tonight Show“, Унион изјави дека се поддржувале, но во еден момент и двајцата се повлекле малку. „На крајот на денот се вративме еден на друг и рековме дека сакаме да продолжиме. Сакавме да се обидуваме и да напредуваме секој ден“, вели актерката, пренесува „tportal“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabrielle Union-Wade (@gabunion)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот