Холанѓаните тврдат дека пресретнале руски воени авиони во близина на Полска

Воени авиони „Ф-35“ / Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Министерството за одбрана на Холандија соопшти дека два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор и ги извеле од оваа област.

– Ф-35-те мораа да ја идентификуваат и да ја водат формација на авиони. По идентификацијата, се покажа дека станува збор за три авиони: руски ИЛ-20М Кут-А придружуван од два СУ-27 Фланкери. Формацијата беше придружувана од далечина, а насоките им беа предадени на партнерите од НАТО, соопшти Министерството.

Руските авиони се приближиле до воздушниот простор на НАТО и Полска од Калининград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот