Холандскиот премиер до европските колеги: Престанете да се жалите за Трамп!

Фото: EPA-EFE/PHIL NIJHUIS

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте, фаворит за следен генерален секретар на НАТО, во саботата рече дека Европа треба да престане да кука за Доналд Трамп и наместо тоа да се фокусира на тоа што може да направи за Украина.

Поранешниот американски претседател Трамп предизвика бес во Европа, велејќи дека доколку биде реизбран во ноември, тој нема да ги брани сојузниците во НАТО кои не трошат доволно за одбраната, пренесува Ројтерс.

„Треба да престанеме да жалиме, да кукаме и да се грижиме за Трамп“, рече Руте на безбедносната конференција во Минхен.

Тој додаде: „Тоа зависи од Американците. Јас не сум Американец, не можам да гласам во САД. Мораме да работиме со кој и да е на подиумот“.

Тој рече дека Европа во секој случај треба да троши повеќе на одбраната и да го зголеми производството на муниција, не само затоа што Трамп може да се врати.

Холандскиот премиер рече дека Европа треба да ја зголеми поддршката за Украина бидејќи тоа е во нејзин интерес.

Руте, кој неочекувано го најави своето заминување од холандската политика во јули, рече дека не знае дали се смета за фаворит да го води НАТО и дека нема да започне лична кампања.

„И сето тоа кукање и офкање за Трамп. Го слушам тоа постојано во последните неколку дена. Да престанеме да го правиме тоа“, рече Руте, додавајќи дека по разговорот со американските политичари во Минхен бил „внимателен оптимист“ дека американската воена помош што е во застој на крајот ќе помине.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е на функцијата од 2014 година и треба да се повлече во октомври 2024 година.

Неговиот мандат беше продолжен во јули по четврти пат, откако 31 членка на алијансата решија да се држат до искусен лидер наместо да се обидат да се договорат за наследник со руската војна во Украина која беснее на прагот на НАТО.

Пред НАТО да одлучи да остане со Столтенберг, дипломатите рекоа дека Руте би бил силен кандидат да го наследи, но Холанѓанецот инсистираше дека тој не бил достапен во тоа време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот