Хоџа контра Џафери за Kомисијата за избори и именувања: Нема да ги исполниме желбите на власта

Хоџа контра Џафери за Комисијата за избори и именувања/Фото: Слободен печат

Претседател на Собранието Талат Џафери вели дека решението за Комисијата за избори и именувања, од која зависи изборот на четворица уставни судии е Фадиљ Зендели да си замине, а на негово место да дојде пратеник од СДСМ.

– Би бил коректно да го направи тоа како што го направи како потпретседател на Собранието, севесен дека тоа место како потпреседател не му припаѓа него, како што свесно знае дека тоа место не му припаѓа не него како пратеник, туку на опозиција статусно. Статусно не му припаѓа на БЕСА, да не кажам на Фадил Зендели. Тоа место не припаѓа на БЕСА, изјави спикерот Џафери.

Тој истакна дека и Деловникот предвидува во Комисијата за избори и именувања партиите да се соодветно застапени, што би значело ист број членови од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ, а не еден помалку од владеачката партија.

„Механизми постојат и јас сум должен да воспоставам паритет“, рече Џафери на брифингот со новинарите.

Од Движењето БЕСА за „Слободен печат“ велат дека нема да ги исполни желбите на власта, и дека упорно ќе ги бранат нивните позиции за да се направи баланс меѓу силите.

– Талат Џафери наместо да бара од Движењето БЕСА да ја напушти комисијата за избори и именувања, нека ја насочи својата енергија кон дијалог за изнаоѓање професионални и непартиски решенија за мандатите што ги пополнува оваа собраниска комисија. Движењето БЕСА нема да ги исполни желбите на власта, но ние упорно ќе ги браниме нашите позиции за да направиме баланс меѓу силите, изјави за „Слободен печат“, Аријанит Хоџа – генерален секретар на Движењето БЕСА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот