Хјундаи повлекува 82.000 електрични автомобили, загуба од 900 милиони долари

Хјундаи / Фото EPA/JEON HEON-KYUN

 Хјундаи треба да повлече 82.000 електрични автомобили ширум светот и да ги замени нивните батерии, откако 15 автомобили веќе се запалија поради проблеми со батеријата.

Засегнати се релативно мал број автомобили, но ризикот е преголем, па мора да има повлекување на возилата што ќе го чини Хјундаи речиси милијарда долари, поточно 900 милиони долари.

Една батерија чини околу 11.000 американски долари и ова е едно од најскапите повлекувања во историјата на автомобилската индустрија, и секако најголемото во историјата на Хјундаи.

Заменувањето на целата батерија на електричен автомобил е екстремна мерка за која е потребна слична работа и цена како замена на целиот мотор со внатрешно согорување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот