
Хелиф по освоеното злато: Јас сум жена како и секоја друга жена, се натпреварувам како жена – секако постојат и непријатели на успехот
Се крена голема врева околу боксерката Иман Хелиф од Алжир. Иман од самиот почеток е во центарот на вниманието на Олимписките игри во Париз, бидејќи беше обвинета дека не е регуларно да се бори во женска конкуренција поради машките хромозоми.
Препорачано
Иман Хелиф го освои златниот медал во Париз, а потоа испрати порака до целата планета.
– Јас сум жена како и секоја друга жена. Се родив како жена, живеев како жена, се натпреварував како жена – без сомнение. Се разбира, постојат непријатели на успехот. Ова му дава посебен вкус на мојот успех поради овие напади – рече таа, а потоа додаде:
– Сакам да му порачам на светот дека треба да се посветат на олимписките принципи и дека не треба да ги малтретираат луѓето. Ова е пораката на Олимписките игри. Се надевам дека луѓето ќе престанат да малтретираат. Ние сме на Игрите за да настапиме како спортисти. Се надевам дека нема да видиме слични напади во иднина.
Да потсетиме, целиот хаос околу Иман Хелиф и Лин Ју-Тингда настана откако беше утврдено дека имаат машки хромозоми, поради што Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ги суспендираше.
– Резултатите од примероците од крвта што ги земавме од Келиф и Лин на 17 мај 2022 година во Истанбул, а потоа на 17 март 2023 година во Индија покажаа хромозоми кои се нелегални во женскиот бокс. Поради доверливоста на медицинските информации, не можеме да ви ги покажеме резултатите од тестовите, но сите знаете да читате меѓу редови и да заклучите за што се работи. Тие доброволно се согласиле да даруваат крв, а тестовите покажале дека имаат исто ниво на тестостерон како и мажите. Исто како и мажите. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) се плаши од вистината. Ќе направиме сè за да ги заштитиме боксерките. Пари за сето тоа што се случува ќе добијат боксерките кои беа повредени – истакнаа тогаш од ИБА.
Италијанката жали поради својот потег, сака да ја гушне боксерката од Алжир
Меѓународната боксерска асоцијација ќе ја награди Анџела Карини со 50.000 долари
Томас Бах: Говорот на омраза кон боксерките Хелиф и Лин е неприфатлив