Харис: Вашингтон е цврст во својата посветеност да ги заштити своите сојузници во НАТО

Камала Харис на посета во Виетнам/ Фото EPA-EFE/MANAN VATSYAYANA / POOL

Американската потпретседателка Камала Харис денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и рече дека ќе има „тешка последици” во форма на санкции за Русија доколку ја нападне Украина, еден ден откако претседателот Џо Бајден изјави дека заканата од инвазија е „многу висока”.

Харис рече дека работата што се случува на „часовна основа” за зајакнување на односите меѓу САД и НАТО е критично важна и „тоа е една од причините поради која сум овде (Минхен)”.

Таа нагласи дека Вашингтон е цврст во својата посветеност да ги заштити своите сојузн ици во НАТО. Ијзвата ја даде на состанок со балтичките лидери.

„Ги препознавам заканите… ние стоиме со вас за ова и за многу други прашања… и стоиме заедно како сојузници на НАТО”, рече таа кога ги започна разговорите со лидерите на Летонија, Естонија и Литванија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот