Хаосот во Барселона продолжува: Тужба за екс потпретседателот, Фонт предупредува на банкрот

википедиа

По оставките на шесте члена на управата, претседателот Бартомеу управниот одбор го пополни со свои послушници.

Барселона ја извести јавноста дека по неколкучасовен состанок го комплетира Управниот одбор откако шест функционери с поднесоа оставки, а притоа и поднесе тужба против сега веќе поранешниот прв потпретседател Емили Росау.

Росау заедно со уште еден претседател Енрике Томбас, членовите на Управниот одбор Силвио Елиас, Жорди Калсамиља, Хосеп Фонт и секретарката Марија Тексидор си поднесоа оставки бидејќи беа огорчени од работата на претседателот на Хосеп Мариа Бартомеу кого го нарекоа диктатор.

Бартомеу експресно ги замени шесте члена од Управниот одбор со негови послушници и веднаш поднесе тужба против Росау за обвинувањата за корупција.

Поради тешките и неосновани обвинувања кои ги изнесе поранешниот потпретседател на клубот, Емили Росау, управата на Барселона категорично отфрла дека во клубот имало корупција и одлучи да поднесе тужва против личноста која ги објави тие обвинувања“, соопшти Барселона.

Тужбата доаѓа поради обвинувањата на Росау дека „некој ставил рака во благајната“ кога била ангажирана компанијата „I3Venture“ за да се грижи за социјалните мрежи.

Шпанските медиуми објавија дека компанијата „I3Venture“ која ја ангажира Барселона креирала лажни профили на социјалните мрежи и објавувала негативни коментари за противниците на Бартомеу вклучувајќи го и противкандидатот за претседател Виктор Фонт, но и првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, кој сè уште нема намера да потпише нов договор.

Сега веќе поранешниот потпретседател Емили Росау изјави дека не се плаши од тужбата и со нетрпение очекува да започне судската постапка бидејќи посадува докази за своите обвинувања.

Тоа што тие споменуваат правна постапка не значи ништо. Јасно ми е дека ми се закануваат за да замолчам. Стојам за кажаното и имам докази за се. Покренувањето тужва е бесплатно но тогаш правните служби во тимот ќе мора да ги преиспитаат сите документи и се ќе излезе на виделина. Штом излегов во јавност јасно е дека постојат докази но сега не е време да зборувам за деталите – изјави Росау.

Хаосот во Барселона го прокоментира и Виктор Фонт кој ќе биде противкандидат на Бартомеу на претседателските избори закажани наредната година.

Адутот на Фонт е тоа што него го поддржуваат легендите на клубот како Чави, Андрес Иниеста, Карлес Пујол и Лионел Меси. Фонт предупредува дека Барселона е пред банкрот поради лошата политика на Бартомеу.

Последните неколку месеци сме сведоци на срамна ескалација на инциденти во интитуциите на клубот, а секој нов инцидент ја прикрива големината на претходниот. Тоа е процес кој кулминира минатата недела со меѓусебните обвинувања и оставките.

Единствен приоритет треба дани биде да ја извлечеме Барселона од кризата, да се смени системот на управување. Ова не е нов проблем, ги видовме потезите на управата со случајот Нејмар, несогласувања помеѓу фудбалерите и управата редовно излегуваа во јавноста, а скандалот со социјалните мрежи потврди дека ова е голем скандал.

Распадот на бордот на директори, скандалите и намалкувањето на приходите поради пандемијата на коронавирусот го донесоа клубот во опасност од банкрот“, напиша Фонт во писмото упатено до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот