Хантер Бајден неочекувано се појави на распит во Конгресот поврзан со истрагата за импичмент на претседателот на САД

Хантер Бајден / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Хантер Бајден, синот на претседателот на САД Џо Бајден, денеска неочекувано се појавил на Капитол хил каде се одржува распит околу неговото непочитување на барање на конгресна комисија да учествува на сослушување за наводен криминал на претседателот поради поврзаност со неговиот бизнис, пишува МИА.

Две конгресни комисии денеска планираа да гласаат за осуда на Бајден помладиот за непочитување на Конгресот.

-Републикански претседавачи денеска наредуваа со резолуција без преседан да осудат некого за непочитување кој се понуди јавно да одговори на сите нивни прашања. Прашањето тука е од што тие се плашат, изјави за новинарите адвокатот на Бајден.

Распитот е последица на одлуката на Бајден да не ги почитува барањата од две конгресни комисии за негов распит зад затворени врати. Распитите се дел од обидот на републиканците да извршат импичмент на претседателот Бајден.

Демократите и синот на Бајден се согласни на распит но под услов тој да биде отворен за јавноста поради страв од селективни протекувања на податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот