Хамилтон ќе го менува презимето

Хамилтон во новата сезона ќе се натпреварува со ново презиме/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Седумкратниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон објави дека дека започна процес за менување на презимето пред стартот на новата сезона.

Британецот на сегашното презиме ќе го додаде и презимето на својата мајка, Ларбалестиер.

– Навистина сум горд на презимето. Мајка ми се презива Ларбалестиер и тоа презиме ќе го носам во иднина. Не го разбирам тоа што кога луѓето ќе се венчаат, жената да го загуби своето презиме. Навистина сакам презимето на мајка ми, Ларбалестиер покрај Хамилтон – изјави возачот на Мерцедес кој откри дека веќе го започнал процесот на менување на презимето.

Таткото на Луис, Ентони Хамилтон и мајка му Кармен се развеле кога сегашниот возач на Мерцедес имал само две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот