
Хамилтон и Верстапен се обединија околу новото Ф1 правило: Досега никој не умрел…
На Британецот и на Холаѓанецот не им се допаѓа еден дел од опремата што од 2026 ќе стане задолжителен за сите во Формула 1…
Откако температурата на патеката при трката во Сингапур беше екстремно висока (31 степен целзиусов), ФИА ја активира безбедносната мерка која бара инсталирање на систем со елек за ладење во сите автомобили, но опцијата за негово користење остана кај возачот. Сепак, до 2026 година, оваа мерка ќе биде задолжителна во екстремни услови.
Препорачано
Против оваа мерка веднаш реагираа двајцата веројатно најпознати активни возачи во Формула 1, Луис Хамилтон и Макс Верстапен, секој на свој начин.
– Не мислам дека тоа правило треба да им се наметнува на возачите. Тие постојано велат дека тоа е безбедносно прашање, но ниту еден возач досега не умрел од прегревање за време на трка, освен, разбирливо, оние вклучени во несреќи со пожар, па затоа е бесмислено – изјави Хамилтон.
И Верстапен го изрази своето противење на новата опрема. На крајот од трката во Сингапур, тој го нарече механизмот бескорисен.
– Не ми се допаѓаат тие мали цевки во близина на појасите. По 15 или 20 минути, водата се загрева и елекот е бескорисен – изјави тој.
Сепак, Хамилтон не е сосема во право. Од 1950 година, еден возач почина од исцрпеност од топлина. Карл Скарборо почина за време на трката Индијанаполис 500 во 1953 година, кога таа трка беше дел од календарот на Светското првенство на ФИА.