Хамас го одбива примирјето што го навести израелскиот претседател

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска укажа на подготвеноста на неговата земја да склучи уште едно примирје во Појасот Газа, со посредство на странски земји.

Херцог како главни причини за прекинот на огнот ги наведе враќањето на заложниците кои ги држи Хамас и потребата од поголема помош за да стигне до блокираниот Појас Газа.

„Израел е подготвен за нова пауза во конфликтот, како и за дополнителна испорака на хуманитарна помош, со цел да се овозможи ослободување на заложниците“, рече Херцог.

Тој посочи дека „одговорноста е целосно на лидерот на Хамас, Јахја Синвар и на остатокот од раководството“.

Од друга страна, Хамас одбива да води преговори со Израел за размена на заробеници додека трае војната, но се отворени за секоја иницијатива за завршување на војната, изјави денеска високиот функционер на Хамас, Басем Наем.

„Го потврдуваме нашиот став дека категорично одбиваме да водиме каква било форма на преговори за размена на затвореници како дел од продолжувањето на израелската геноцидна војна“, рече Наем.

Тој рече дека Хамас е отворен за секоја иницијатива што придонесува за „запирање на агресијата“ против Палестинците и отворање премини за доставување помош на палестинскиот народ.

Во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, загинаа околу 1.200 луѓе, а беа земени околу 240 заложници. Израел потоа започна голема воена операција во Појасот Газа, која се уште е во тек.

Се верува дека околу 120 заложници сè уште држат Хамас и други групи кои ја поддржуваат организацијата во Појасот Газа, ставајќи ги израелските власти под зголемен притисок да постигнат договор за нивно ослободување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот