Халили: Зошто политичарите се разочарани од новото бугарско вето?

Поранешниот амбасадор, пратеник и министер, Мухамед Халили / Фото: Принтскрин од емисијата „24 анализа“

Поранешниот пратеник, министер и амбасадор, Мухамед Халили, смета дека шесте месеци кои ги дава бугарскиот премиер Кирил Петков како рок за надминување на спорот, не се долг период.

-Не е премногу, ако навистина после тоа успееме да ја добиеме првата меѓувладина конференција ЕУ-Македонија. Сепак, не сум убеден дека тоа ќе се случи, иако вината не е кај нас, рече Халили во гостувањето во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој смета дека македонската јавност има право да биде разочарана поради новото бугарско вето, но во исто време и прашува зошто политичарите се разочарани.

– Ја потценивме 2017 година кога очекувавме резултати и 2018-тата, кога се појави високопрокламираната идеја на Макрон за друг тип на методологија на проширувањето. Не верувајќи во тоа што доаѓаше како реалност, не ги пласиравме добро тие елементи во јавноста. Не беше реално да сонуваме за некоја меѓувладина конференција, посочува Халили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот