Хаџиевски по пет години повторно тренер на Хата

Фото: Инстаграм: hattaclub.ae/

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Ѓоко Хаџиевски по пет години се враќа во Обединетите Арапски Емирати и тоа во добро позната средина, во екипата на Хата. Ѓоковиќ ја предводеше екипата на Хата во сезоната 2016/17.

Промоцијата на Хаџиевски во Хата беше денеска , а дел од неговиот стручен штаб ќе бидат Филип Деспотовски, Филип Спасески и Филип Маџовски.

Хаџиевски во својата тренерска кариера има работено во Вардар, Пелистер, Силекс, ЦСКА Софија, Вихрен, Војводина, Касторија, Докса Драма, Атромитос, Баку, Симурк,  и Џубило Ивата, Најран, Ал Тавон, Ал Кадсија, Хаџер, Ал Дарфа и Емирејтс, а покрај Македонија, беше селектор и на Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот