Гувернерот на Банката на Англија уверува дека ВИ нема да доведе до губење на работни места

Ендру Бејли / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Гувернерот на Банката на Англија Ендрју Бејли, во изјава за Би-Би-Си оцени дека вештачката интелигенција (ВИ) нема да доведе до губење работни места и ги отфрли стравувањата дека вештачката интелигенција ќе доведе до голема невработеност.

„Јас сум економски историчар, пред да станам централен банкар. Економиите се прилагодуваат, работните места се прилагодуваат, а ние учиме да работиме со тоа. И мислам дека луѓето со машини имаат подобри резултати од самите машини“, изјави Бејли за Би-Би-Си.

Изјавата на Бејли доаѓа откако најновата економска проценка покажа дека компаниите од Велика Британија кои инвестираат во вештачка интелигенција се очекува да забележат добивки во ефикасноста и резултатите. Употребата на вештачка интелигенција се очекува да обезбеди предност во продуктивноста во повеќе сектори.

Сепак, бароницата Стоуел од Домот на лордовите предупреди дека Велика Британија ризикува „да ја пропушти златната треска за вештачка интелигенција“ доколку не дејствува брзо.

Извештајот на Комитетот за комуникации во Домот на лордовите се фокусира на главните јазични модели и алатки како што е ChatGPT. Извештајот повика на ажурирање на законите за авторски права и ја повика владата да обезбеди јасност за регулативата за вештачка интелигенција – предупредувајќи дека премногу регулација може да го попречи развојот на вештачката интелигенција во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот