Гувернерот на Бали до туристите: Не се плашете од новиот закон со кој се забранува вонбрачен секс

Туризам во Бали, Индонезија за време на пандемија/ Фото ЕPA-EFE/MADE NAGI

Посетителите на Бали не мора да бидат загрижени поради новиот индонезиски закон кој вклучува забрана на вонбрачен полов однос, соопшти денеска гувернерот на тој остров.

Индонезискиот Парламент минатата недела изгласа контроверзен закон кој забранува и соживот на невенчани двојки. Во обид да не ги одврати посетителите, гувернерот на познатата туристичка дестинација Бали, Вајан Костер вчера соопшти дека новите мерки, кои стапуваат на сила за три години, можат да бидат спроведени дури по жалба на родители, сопружници или деца.

– Тие кои ќе го посетат или кои живеат на Бали не мора да се грижат поради стапувањето на сила на индонезискиот казнен закон, напиша гувернерот.

Тој додаде дека одредбите од казнениот закон за ова прашање се изменети во однос на претходната строга верзија со цел да се „обезбеди подобра гаранција за сечија приватност и удобност”.

– Властите на Бали ќе се погрижат „да нема проверка на брачниот статус при пријавување во кое било туристичко сместување, како што се хотели, вили, апартмани, куќи за гости, домови и бањи”, рече Вајан.

Тој ги отфрли „лажните” извештаи за откажувања на летови и хотелски резервации, велејќи дека податоците од туристичките агенции и авиокомпаниите покажуваат дека бројот на идни посетители меѓу декември 2022 и март 2023 година е зголемен.

Бали е центар на индонезискиот туризам и се обидува да ги врати бројките на туристи што ги имаше пред почетокот на пандемијата, со цел до 2025 година да има шест милиони посетители. Новиот закон се подготвуваше со децении, а пратениците го прогласија неговото усвојување како долгоочекувана ревизија на холандското колонијално наследство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот