Гутереш: Вирусот е „број еден закана за глобалната безбедност во светот”

Антониа Гутереш / Фото: МИА

 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека пандемијата на новиот коронавирус и понатаму е „надвор од контрола” и дека светот се приближува до „најцрната пресвртница од милион загубени животи поради вирусот”.

Гутереш рече дека вирусот е „број еден закана за глобалната безбедност во денешниот свет” и дека тој претставува криза што не се разликува од онаа што ја доживеавме.

Затоа тој апелираше на глобално примирје на 23 март, за да може сите да се фокусираат на борбата против пандемијата.

Тој најави дека во говорот на Генералното собрание на ОН во вторник, ќе ја повика меѓународната заедница да ги мобилизира сите напори „глобалното примирје да стане реалност до крајот на годината”.

Гутереш ја повика меѓународната заедница да се обедини во борбата против вирусот, нагласувајќи дека само вакцината нема да ја реши кризата.

Тој истакна дека вакцината мора да биде „глобално јавно добро бидејќи Ковид 19 не ги почитува границите” и дека мора да биде достапна за секого. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот