Дебарско езеро фото МИА

Гурбетчија од Америка и роднините пукале на Дебарското Езеро, и жена имала „Глок“

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против четири лица од Дебар – В.П. (35) со престој во САД, Ф.П. (29), Р.П. (34) и А.П. (32) – поради сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ согласно член 288 од Кривичниот законик.

Според полицискиот билтен, инцидентот се случил на 1 август 2025 година за време на семејна веселба во куќа покрај Дебарското Езеро, каде пријавените неовластено пукале со огнено оружје и ја загрозиле безбедноста на присутните гости.

„При преземените мерки во координација со јавен обвинител, полицијата го лишила од слобода Ф.П., кај кого бил пронајден и одземен пиштол марка „Магнум“. При претрес по судска наредба во куќата сопственост на Б.П. и А.П., биле пронајдени и одземени уште два пиштола – „Стејр“ и „Глок“. Од жената А.П. бил одземен пиштолот „Глок“ со 34 куршуми. Сите четворица ќе се соочат со соодветни кривични постапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот