На Гугл му се заканува тужба поради Андроид

Простории на Гугл во Кина /Фото: Профимедиа

Група од 37 државни обвинители и адвокати од САД поднесоа тужба против Гугл, тврдејќи дека инсталирањето на оперативниот систем Андроид во мобилни апарати ја ограничува конкуренцијата и ги крши законите за еднаква конкуренција.

Групата, предводена од јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џемс, корисниците на апарати со вграден Андроид немаат поголем избор и пониски цени за мобилните.

„Гугл долги години беше чувар на влезот на интернетот, а во поново време стана чувар и на напите дигитални уреди, што значи дека сите ние треба да плаќаме повисоки цени за софтверите кои ги користиме секојдневно“ изјави Џејмс.

Тие исто така го обвинија Гугл дека бара од развивачите да користат Гугл билинг за продажба на дигитална содржина преку апликации купени преку Гугл Плеј продавница, принудувајќи ги потрошувачите да плаќаат провизија до 30 проценти.

„Повторно имаме прилика да сведочиме како Гугл ја користи неговата доминантна улога со што незаконски ја гуши конкуренцијата, заработувајќи милијарди“ додаде Џејмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот