ГТЦ е целосно исчистен и функционира нормално

Градски трговски центар, кој вчера беше погоден од невремето како и многу други објекти и локации во Скопје, денеска е повторно целосно во функција. Исчистена е водата и лисјата, работат панорамските лифтови и повеќето ескалатори, со исклучок на неколку кои се исклучени од безбедносни причини, додека да се исуши електричната инсталација.

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски објаснува дека во текот на невремето цела вода од околните улици се слевала во гаражата во трговскиот центар, но со максимална ангажираност на екипите ситуацијата е нормализирана. Речиси до полноќ се расчистувале наносите од лисја и вода во гаражата, биле исфрлени околу 50 вреќи со лисја и се исцрпувала водата. Привремено денеска додека сосема не се исчисти, како што вели Трајчевски, гаражата била затворена неколку часа.

Она што вчера се случуваше, при такво големо невреме е нормално за центар од отворен тип, каков што е ГТЦ. Важно е дека денеска сѐ функционира нормално, дека сѐ е исчистено и нема никакви последици од обилниот дожд – вели директорот на ГТЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот