Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Група за киберкриминал украла, па препродала стотици билети за концертите на Тејлор Свифт, Адел и Ед Ширан

Група за киберкриминал украла, а потоа препродала повеќе од 900 дигитални билети за концерти на американската пејачка Тејлор Свифт и други концерти на „СтабХаб“ (StubHub), соопшти обвинителството во Њујорк.

Окружниот обвинител на Квинс Мелинда Кац рече дека меѓународната измама вклучува луѓе кои работат во Јамајка за фирма која се занимава со онлајн продажба на билети, објави „АП“.

Според обвинителите, криминалната група заработила повеќе од 600.000 долари меѓу јуни 2022 година и јули 2023 година.

Повеќето од украдените билети биле за концертите на Свифт, но биле украдени и за концертите на Адел и Ед Ширан, како и за натпреварите во НБА и тенискиот шампионат во САД.

Кац истакна дека истражителите сè уште го утврдуваат обемот на операцијата, вклучувајќи ги и другите потенцијални соучесници.

Двајца од инволвираните, Тајрон Роуз и Шамара Симонс, биле уапсени и обвинети минатиот четврток за голема кражба, компјутерски манипулации и обвиненија за заговор, соопшти канцеларијата на Кац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот