Груби: Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Ахмети е стопан во државата се неточни

Фото: Слободен печат

Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Али Ахмети е стопан во државата, дека Македонија е во негова сопственост а Македонците се граѓани од втор ред се неточни, вели потпретседателот на ДУИ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Тој во поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат зборуваше и за идејата да одат одвоено од СДСМ на претстојните избори.

„Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ диктира и дека Македонците се граѓани од втор ред се неточни. Ние сами почнавме да формираме европски фронт. Ние поминавме цели месеци со нашето гласачко тело подготвувајќи ги за нов европски фронт без СДСМ бидејќи тие се повлекоа. Потоа, други анкети покажаа дека СДСМ и ДУИ заедно би победиле на избори но беше доцна  за формирање предизборна коалиција“, рече Груби.

Груби вели дека и ДУИ и СДСМ биле државотворни партии и најважните чекори ги преземале заедно за добробитта на државата.

„Се што е добро за државата сме направиле заедно со СДСМ – ние сме државотворни партии. Во однос на стратешките прашања бевме секогаш на прав пат“, рече Груби.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот