Груби: Со Бујар го започнуваме најважниот референдум

Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави фотографија со министерот за надворешни работи и кандидат за претседател од ДУИ, Бујар Османи.

Тој вели дека Бујар се докажал на локална и меѓународна сцена и учествувал во битката против Русија, како и дека бил дел од тимот за промена на Уставот, влез во НАТО и почеток на преговори за членство во Европската Унија.

„Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на времето и следната битка да ја добиеме вашата доверба за избор на претседател во Собранието со мнозинство од две третини од гласовите и со Бадентер да ја реализираме нашата визија за консензуален претседател. НЕ КОН РУСИЈА, ТУКУ КОН ЕВРОПА“, додаде Груби.

Ваквиот негов коментар доаѓа откако денеска лидерот на партијата Али Ахмети од седиштето во Мала Речица потврди дека Османи ќе биде нивен кандидат за претседател на пресатојните избори.

Меѓу другото Ахмети повика да се направат измени и во иднина претседателот да се бира во Собрание наместо како до сега на непосредни избори.

На тој начин според Ахмети ќе се бира консензуален кандидат кој ќе ги претставува сите граѓани.

Таравари е во локална, а ДУИ игра во суперлига, порача Ахмети од Мала Речица

Ваквата одлука на Ахмети ја прокоментира албанската опозиција која застана зад Арбен Таравари како кандидат за претседател. Порачаа дека Османи оди курбан оти Али Ахмети се исплаши од Таравари.

Изјавата на Ахмети за “големата вест” потврдува најмалку две работи. Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво, соопштија попладнево од Колацијата „Вреди“.

Коалиција „Вреди“: Бујар Османи оди курбан оти Али Ахмети се исплаши од Таравари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот