Грковска призна дека Османи користел службена кола за да оди на партиски настан

Бујар Османи во Киев, Фото: Фејсбук

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во изјава за „Алсат“ потврди дека по испитувањето на заклучоците на Антикорупциската комисија, и Владата констатирала дека министерот за надворешни работи Бујар Османи го прекршил Етичкиот кодекс за функционерите кога користел службено возило за да оди на партиски настан на ДУИ.

Грковска вели дека се предложени законски измени кои треба да ги спречат злоупотребите од страна на функционерите, но со оглед на состојбите во Собранието и неговото блокирање, во моментов тие не може да се направат. Таа рече дека нејзиниот кабинет ќе се обиде да преземе мерки и во други форми за да се спречат вакви злоупотреби. Во меѓувреме, од Антикорупциската комисија велат дека нивните иницијативи, за жал државните институции потоа не ги процесираат.

„За жал, неефективно е и постапувањето на самата комисија каде што јас сум член, бидејќи тие сознанија што ги потврдуваме во управната постапка мора барем да се потврдат и некој да одговара. Но, кај нас за жал, имаме постојана политичка корупција, дали во вработувањата, дали во именувањата, дали во управувањето со многу области од јавниот сектор, политички диктат и за жал продолжува нереформирањето на системот во целина, особено неуспехот да се реформира системот во делот на управувањето со човечките ресурси, било во однос на вработувањето или во однос на назначувањето и разрешувањето на водечките органи“, вели членот на Комисијата, Нури Бајрами.

Бајрами вели дека системот дефинитивно мора да се реформира и приоритет да ѝ се даде на меритократијата, односно напредувањето и именувањето на функции според заслугите, а не според партиската припадност. Инаку, откако Комисијата за спречување на корупцијата утврди дека Бујар Османи злоупотребувал службени возила за партиски и изборни активности, во МНР немало никакви докази како се трошело горивото и како се користеле автомобилите.

Ивановска: Министерот Османи го прекрши Етичкиот кодекс за функционерите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот