Ивановска: Министерот Османи го прекрши Етичкиот кодекс за функционерите

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, вечерва изјави дека министерот за надворешни работи Бујар Османи го прекршил Етичкиот кодекс за однесување на државните функционери, со тоа што со службено возило од министерството отишол на партиски настан и таму известувал за државнички работи.

„И покрај тоа што министрите се обврзани да го почитуваат етичкиот кодекс, тој за жал и натаму се крши“, рече Ивановска во емисијата „Клик плус“ на „ТВ21“, посочувајќи го примерот со Османи.

„Имаме пример со министерот Османи, кој изјави дека за време на пауза закажал прес-конференција пред партиски штаб, на која известува за државнички работи, и притоа на неа заминал со службено возило. Ова е многу далеку и од одредбите на Етичкиот кодекс за однесување на министрите во време на изборниот процес, и во насока на искористување на службените возила, на државните ресурси“, рече Ивановска.

Таа додаде и дека во други држави, ако државната ревизија има наоди за некој министер, тогаш тој ќе биде сменет, а вакво нешто кај нас никогаш не се случува.

„Во други држави под наодите на државен ревизор паѓаат министри, кај нас тоа не се случува. Иако се констатирани значајни злоупотреби на ненаменско трошење на буџетски средства. Тоа е недозволиво“, вели Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот