Грција ги наградува младите кои ќе се вакцинираат со ваучери од 150 евра

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат во текот на годинава ќе добијат ваучер „Freedom pass” односно електронска припејд карта што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности , јави дописничката на МИА од Атина.

Ваучерот се однесува на околу 940.000 млади, кои ќе можат да го искористат за патувања во Грција, односно да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или, пак, да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн.

Мерката ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој рече дека „дојде време државата да ги награди напорите на конкретната категорија граѓани” и истакна дека конкретната електронска припејд карта ќе биде и мотив за вакцинација.

Со примање на првата доза од вакцината, младите од 18 до 25 години, преку интернет апликација ќе го добијат „Freedom pass” со 150 евра, а изност ќе можат да го користат само за конкретните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот